Samsung WF1802WFVS/YLE User Manual Page 407

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 660
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 406
безбедносни информации 
Не употребувајте детергент за суво чистење директно и не перете, плакнете или
центрифугирајте алишта извалкани со детергент за суво чистење.
- Тоа би можело да предизвика спонтано согорување или палење поради
оксидација на маслото.
Не користете ја топлата вода од уреди за ладење/греење.
- Тоа може да предизвика проблеми кај машината.
Немојте во машината да користите природен сапун за перење на рака.
- Ако тој се стврдне и залепи во внатрешноста на машината, може да дојде до
проблеми кај производот, промени на бојата, ‘рѓосување или смрдеа.
Немојте во мрежата да перете големи парчиња алишта, како на пример постелнина.
- Ставајте ги чорапите и градниците во мрежата за перење и перете ги заедно со
другите алишта.
- Доколку не постапите така, може да дојде до повреда, предизвикана од
ненормалните вибрации.
Не користете стврднат детергент.
- Ако се наталожи во внатрешноста на машината, тоа би можело да предизвика
протекување на водата.
Кај машините за перење со отвори за вентилација во основата, погрижете се
отворите да не бидат затворени со килим или други пречки.
Испразнете ги џебовите на облеката што ќе се пере.
- Тврди, остри предмети, како парички, безопасни, шајки, шрафови или камења,
може да предизвикаат големо оштетување на машината.
Не перете облека со големи токи, копчиња или друг тежок метал.

Не чистете го уредот со директно прскање вода врз него.
Немојте да користите јако средство за чистење со киселини.
Не употребувајте бензол, разредувач или алкохол за чистење на уредот.
- Тоа може да предизвика промена а бојата, деформација, оштетување, струен удар
или пожар.
Извлечете го штекерот од приклучокот, пред да почнете со чистење или одржување.
- Доколку не постапите така, се изложувате на струен удар или пожар.




Оваа ознака на производот, приборот или литературата означува дека производот и
неговиот електронски прибор (на пр. полначот, слушалките, USB кабелот) не треба да се
отстрануваат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од нивниот работен
век. За избегнување на можна штета врз околината или човечкото здравје предизвикана
со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите
видови отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки
оправдано повторно користење на материјалните ресурси.
Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој
производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат
рециклирање на производот на начин безбеден по околината.
Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги проверат
одредбите и условите во договорот за набавка. Овој производ и неговиот електронски
прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.

WF1802WF-03061D-04_MK.indd 11 2013-7-20 12:40:02
Page view 406
1 2 ... 402 403 404 405 406 407 408 409 410 411 412 ... 659 660

Comments to this Manuals

No comments