Samsung WF1802WFVS/YLE User Manual Page 401

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 660
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 400
безбедносни информации 
Прочитајте ги сите инструкции пред да го употребите апаратот.
Како и кај секоја друга опрема, користењето струја и подвижни делови претставува
потенцијална опасност. За безбедно ракување со овој уред, запознајте се со
неговата работа и бидете внимателни кога го користите.
Не дозволувајте деца (или куќни миленичиња) да си
играат на или во машината. Машината за перење не
може да се отвори лесно одвнатре и децата можат
сериозно да се повредат доколку се заглават во
внатрешноста.
Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 и
повеќе години и лица со намалени физички, сетилни
или ментални способности, недоволно искусни или
обучени лица, доколку истите се надгледуваат или
им се дадат инструкции за користење на уредот на
безбеден начин и им се објаснат можните опасности.
Децата не треба да си играат со уредот. Чистењето и
одржувањето од страна на корисникот не треба да го
вршат деца без соодветен надзор.
Децата треба да се под надзор за да не си играат со
апаратот.
Ако приклучокот или кабелот за струја се оштетени,
тие мора да се заменат од страна на производителот,
сервисерот или друго квалификувано лице со цел да
се избегнат несакани ситуации.
Поставеноста на уредот треба да овозможува
достапност на приклучокот за напојување, славините
за довод на вода и цевките за одвод.
Кај машините за перење со отвори за вентилација
во основата, погрижете се отворите да не бидат
затворени со килим или други пречки.
Употребувајте нови црева - старите црева не треба
повторно да ги користите.

WF1802WF-03061D-04_MK.indd 5 2013-7-20 12:40:01
Page view 400
1 2 ... 396 397 398 399 400 401 402 403 404 405 406 ... 659 660

Comments to this Manuals

No comments