Samsung WF1802WFVS/YLE User Manual Page 410

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 660
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 409
 поставување на машината за перење
поставување на машината за
перење


За избегнување на непотребен ризик од пожар, електричен удар или повреда, сите
поврзувања и заземјувањето мора да се извршат во согласност со Нациналниот кодекс
за електрика ANSI/FNPA, бр. 70 последна ревизија и локалните кодекси и уредби. Лична
одговорност на сопственикот на уредот е да обезбеди соодветни електрични услови и
поправка на уредот.
Никогаш не користете продолжителен кабел.
Користете го единствено кабелот за напојување кој се испорачува со машината за
перење.
При подготвување за инсталацијата, проверете дали вашата мрежа за напојување нуди:
 220V~240V 50Hz 15 AMP осигурувач или прекинувач на електрично коло
 Одделна гранка од електрично коло која ќе биде наменета само за машината за
перење
Вашата машина за перење мора да биде заземјена. Доколку машината за перење не
работи исправно и има дефект, заземјувањето ќе го намали ризикот од електричен удар
обезбедувајќи патека со најмал отпор за електричната струја.
Машината за перење се испорачува со кабел за напојување со заземјен приклучок со три
елементи, за вметување во правилно инсталиран и заземјен штекер.
Никогаш не поврзувајте ги жиците за заземјување на пластични водоводни цевки,
цевки за гас или цевки за топла вода.
Неправилното поврзување на проводникот за заземјување на уредот може да предизвика
електричен удар.
Проверете со квалификуван електричар или сервисер доколку не сте сигурни дали
машината за перење е исправно заземјена. Немојте да вршите модификации на
кабелскиот приклучок кој се испорачува со машината за перење. Доколку не може да се
вметне во штекерот, повикајте квалификуван електричар за инсталирање на потребниот
штекер.

Машината за перење ќе се полни исправно доколку притисокот на водата е 50 kPa ~
800 kPa. Притисокот на вода кој е помал од 50 kPa may може да предизвика дефект
на вентилите за вода, не овозможувајќи нивно целосно затворање. Или, може да биде
потребно повеќе време за полнење на машината отколку што дозволуваат контролните
кола, што ќе резултира во исклучување на машината. (Контролните кола имаат
ограничување на времето за полнење, дизајнирано за спречување на преполнувањето/
одлевањето доколку некое внатрешно црево се олабави.)
Славините за вода не треба да бидат подалеку од 4 стапки (122cm) од задниот дел на
машината за перење, за да може да се поврзат испорачаните црева за довод на вода.
Повеќето продавници за водовод располагаат со црева за довод со различни
должини до 10 стапки (305cm).
Можете да ја намалите опасноста од истекување на водата и штети доколку:
Славините за вода се лесно достапни.
Ги затворите славините кога машината за перење не се користи.
Периодично проверувате дали протекува вода на спојните места на цревата за
довод.
Ги проверите сите спојни места на вентилите за вода и славините пред првото
користење на машината за перење.


WF1802WF-03061D-04_MK.indd 14 2013-7-20 12:40:03
Page view 409
1 2 ... 405 406 407 408 409 410 411 412 413 414 415 ... 659 660

Comments to this Manuals

No comments